Трамп вети дека Америка ќе го преземе иранскиот ураниум: Не ни треба, но нема да им го оставиме
Иранскиот врховен лидер издал директива според која ураниумот на земјата, збогатен речиси до ниво потребно за оружје, не треба да биде испратен во странство, изјавија двајца високи ирански извори за „Ројтерс“.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска вети дека САД на крајот ќе ја преземат иранската залиха на високо збогатен ураниум, и покрај изјавите од Иран дека нема да го предаде материјалот, објави „Ројтерс“.
Препорачано
— Ќе го земеме. Не ни треба, не го сакаме. Веројатно ќе го уништиме откако ќе го земеме, но нема да им дозволиме ним да го имаат — им рече Трамп на новинарите во Белата куќа.
Се верува дека Иран поседува околу 900 фунти високо збогатен ураниум, за кој Трамп тврди дека бил затрупан по американските и израелските воздушни напади пред речиси една година.
Преземањето на ураниумот е дел од централната цел на Трамп во неговата војна против Иран — Техеран да не смее да развие нуклеарно оружје.