Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Трамп: Уништивме ирански брзи чамци, тоа е сè што им остана

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на платформата „Трут сошл“ за најновите настани во Ормускиот Теснец и за операцијата „Проект Слобода“, со која Америка сака да обезбеди премин на бродови низ Ормускиот Теснец, во услови на зголемени тензии и низа инциденти во регионот.

„Иран изврши напади врз нации кои не се поврзани со бродовите во операцијата „Проект Слобода“, вклучувајќи и јужнокорејски товарен брод. Можеби е време Јужна Кореја да се придружи на мисијата! Удривме во седум мали ирански чамци или, како што сакаат да ги нарекуваат, „брзи“ чамци. Тоа е сè што им остана.

Освен јужнокорејскиот брод, во моментов нема штета на бродовите што минуваат низ теснецот. Министерот за одбрана Пит Хегсет и началникот на Генералштабот на армијата Ден Кејн ќе одржат прес-конференција утре наутро“, напиша Трамп на „Трут сошл“.

Танкер е погоден од проектили кај Емиратите, не се знае кој е напаѓачот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот