Трамп сака да го фарба црн ѕидот на границата со Мексико за илегалните мигранти потешко да го прекачуваат

Фото: ЕПА

Претседателот на САД, Доналд Трамп повторно бара ѕидот кој се гради на границата на државата со Мексико да се обои во црно, иако сите од државниот врв го наговараат да се откаже од идејата бидејќи е прескапа и непотребна.

Вашингтон Пост пишува дека само фарбањето на ѕидот би чинело 500 милиони долари. Трамп инсистира на тоа, бидејќи смета дека заради црната боја, челикот на ѕидот би бил премногу врел за време на летните месеци, за луѓето што би пробувале да се прекачуваат преку него.

Трамп вети ѕид на границата со Мексико заради илегалните мигранти уште пред да стане претседател. Тогаш тврдеше дека Мексико ќе ја плати неговата изградба, но тоа ќе го направат американските даночни обврзници. Ѕидот ќе биде долг повеќе од 800 километри.

Довршувањето на изградбата на ѕид тој сега го најави за 2021 како дел од предизборните ветувања за вториот мандат во ноември, но за такво нешто брзината за изградба на ѕидот би требала да се зголеми двојно во следните месеци.

Неколку експерти во САД веќе изјавија дека боењето на ѕидот нема поента и дека се работа за непотребен трошок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот