Трамп: Путин, Си, Ким и Ердоган се „шахисти од светска класа”

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-Ун, се „шахисти од светска класа”.

Говорејќи во државата Висконсин, Трамп го критикуваше својот противник на претседателските избори, Џо Бајден, оценувајќи дека доколку стане претседател тој нема да може да се справи со светските лидери, јавува Тасс.

Трамп: Ако победи Бајден, спремете се да учите кинески јазик!

Според него, Бајден не може да соработува со нив како рамноправен партнер, затоа што, како што рече, „не е во своите најдобри години”.

Бајден, доколку биде избран, ќе биде најстариот претседател во историјата на САД, со 78 години.

Русија насочена да му наштети на Бајден, Кина сака Трамп да загуби

Трамп или Бајден, кој ќе биде следниот претседател на САД?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот