Трамп посети фабрика на Форд без маска: Не ја носам заради медиумите (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп одби да носи заштитна маска за време на посета на една фабрика на Форд во државата Мичиген иако носењето маска е задолжително за сите кои ќе влезат во било кој јавен простор во државата, пренесува Си-Ен-Ен.

Иако компанијата ја запознала службата за протокол на Белата куќа со овој интерен пропис, од претседателската администрација стигнал одговор дека Белата куќа има свои безбедносни протоколи и сама одлучува за нив.

Неименуван извор на Си-Ен-Ен тврди дека претседателот одбил да носи заштитна маска само кога во негова близина биле телевизиските камери.

На прашањето зошто не носи маска пред камерите, Трамп одговори дека „нема на медиумите да им дозволи да ужива гледајќи го со маска“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот