Кинескиот претседател Си Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп/Фото: Brendan SMIALOWSKI / AFP / Profimedia

Трамп откри детали од разговорот со Си Џинпинг

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека за време на посетата на Пекинг разговарал за укинување на санкциите врз кинеските компании што купуваат иранска нафта и дека наскоро ќе донесе одлука, објави „Ројтерс“.

САД неодамна воведоа санкции врз неколку кинески рафинерии за нафта поради купување иранска нафта, меѓу кои и „Хенгли петрохемикал“ (Hengli Petrochemical), една од најголемите приватни рафинерии во земјата и симбол на напорите на Пекинг да ја модернизира и унапреди индустријата.

— Разговаравме за тоа и ќе донесам одлука во следните неколку дена — им рече Трамп на новинарите во „Ер Форс Уан“, кратко по заминувањето од Пекинг, по неговиот дводневен самит со претседателот Си Џинпинг.

Американските претставници, вклучително и Трамп, за време на самитот ја отворија можноста Кина да купува повеќе американски енергетски производи, иако во кинеските официјални извештаи од средбата не беше спомнат никаков договор.

Трамп рече дека неговото трпение со Иран е при крај и дека во разговорите со Си се согласиле дека на Техеран не смее да му биде дозволено да има нуклеарно оружје и дека мора повторно да го отвори Ормускиот Теснец.

Тој, исто така, рече дека за него е прифатливо Иран да ја суспендира својата нуклеарна програма на 20 години, но дека мора да има „вистинска“ обврска од Техеран.

— Дваесет години се доволни, но нивото на гаранција од нивна страна мора да биде вистински период од 20 години — рече Трамп.

Трамп не остана гладен, но Си се насити

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот