Трамп остана без омилената социјална мрежа: Твитер трајно му го блокираше профилот на претседателот во заминување

EPA-EFE
Доналд Трамп, поранешен претседател на САД / Фото: EPA-EFE/Oliver Contreras / POOL

Социјалната мрежа Твитер синоќа соопшти дека итно и засекогаш го блокира Твитер профилот на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Компанијата смета дека актуелниот претседател ги нарушил политиките на социјалната мрежа против величење на насилството и дека постои ризик тоа да се повтори. Според неа, одлуката да се блокира налогот е донесена поради „ужасните настани оваа недела”.

„После внимателна проверка на последните твитови од @realDonaldTrump, и контекстот околу нив, посебно како тие беа прифатени и интерпретирани на Твитер и надвор од него, ние засекогаш ја запираме работата на тој налог поради ризик од натамошно провоцирање насилство“, се вели во соопштението.

Понатаму, се додава дека „после ужасните настани неделава во среда, компанијата потенцираше дека нови нарушувања на правилата на Твитер може да станат причина за преземање вакви постапки”.

Компанијата исто така објави резултати од анализа на последните два твита на претседателот и реакциите што тие ги оставиле кај некој корисници, според која „пораките можат да станат причина насилничките чинови во Капитолот на САД на 6 јануари 2021 година да предизвикаат мобилизација кај разни публики и да бидат повторени… затоа е донесена одлука за итно и постојано укинување на услугата”.

Трамп праќаше десетици твитови секојдневно, а во текот на претседателството објави повеќе од 26.000 пораки испратени до своите над 88 милиони потписници.

Фото: Профимедиа

Претседателот веднап реагираше на одлуката на Твитер. Во соопштение по овој повод тој истакна дека мрежата сака да го замолчи. Изјави дека преговарал со други веб страни и вети „големи објави наскоро”, како и тоа дека работи на изградба на „наша платформа”.

-Твитер не е за слободата на говорот. Тие работат за промоција на платформата на радикалната левица и дозволуваат слободно изразување на некои од најзлите луѓе во светот, истакна Трамп.

Соопшти и дека се обидел да го искористи официјалниот налог на претседателот на САД, но дека Твитер веднаш ги бришел и тие твитови. Подоцна беше блокиран и профилот на изборната кампања на Трамп.

Завчера, и Фејсбук го блокираше на неодредено време налогот на Трамп, а тоа го направија и други социјални платфирми како Снапчат, Јутјуб, Твич и Редит.

Твитер денеска објави дека отстранува налози чии сопственици шират содржини поврзани со радикалните десничарски групи како онаа на теориите на заговор QAnon (КјуЕјнон). Некои од тие налози се на Мајкл Флин, поранешен советник на претседателот, и на адвокатот Синди Пауел. Од Твитер прецизираа дека овие налози продуцираат содржини кои можат да иницираат нови изблици на насилство.

Во нападот на Конгресот учествува и многу демонстранти кои носеа симболики на QАnon.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот