Трамп му се нафрли на Мерц: Средете си ја разурнатата држава

Ова е продолжение на судирот меѓу Трамп и Мерц, кој започна откако германскиот канцелар изјави дека Иран ги понижува САД со одолговлекување на преговорите во контекст на војната меѓу САД и Израел против Иран.

Американскиот претседател Доналд Трамп во нова објава на својата мрежа „Трут соушл“ жестоко се нафрли врз германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Ова е продолжение на судирот меѓу Трамп и Мерц, кој започна откако германскиот канцелар изјави дека Иран ги понижува САД со одолговлекување на преговорите во контекст на војната меѓу САД и Израел против Иран.

Трамп реагираше остро, порачувајќи дека Мерц „мисли дека е во ред Иран да има нуклеарно оружје“ и додаде дека „не знае за што зборува“.

Еден ден подоцна, на социјалната мрежа „Трут соушл“ напиша дека Вашингтон размислува за намалување на бројот на американски војници во Германија.

„Германскиот канцелар треба да посвети повеќе време на завршување на војната меѓу Русија и Украина, во што беше целосно неефикасен, и на средување на својата разурната држава, особено миграцијата и енергетиката, а помалку да се меша во оние што ја отстрануваат иранската нуклеарна закана и со тоа го прават светот, вклучително и Германија, побезбедно место! Претседател ДЈТ“, напиша Трамп.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц во Минстер речиси целото свое обраќање го посвети на нагласување на сојузништвото со САД и единството на НАТО, очигледно одговарајќи на заострувањето на односите од Вашингтон.

Без директно да го спомене Доналд Трамп, јасно порача дека Германија не го доведува во прашање трансатлантскиот однос. Истакна дека Берлин се води од „јасен компас“ насочен кон НАТО и кон сигурно партнерство со САД, како и дека Германија дејствува „рамо до рамо“ со сојузниците, во близок и доверлив контакт со Вашингтон.

Во истиот контекст ја нагласи важноста на реформата на Бундесверот, порачувајќи дека германската војска мора да биде подготвена за брза реакција, но и за долгорочни безбедносни предизвици. Како знак на континуитет во соработката ја наведе и неодамнешната посета на висок американски воен командант на истата база.

Промената на тонот е видлива и во неговите изјави за Иран. Овојпат целиот притисок го насочи кон Техеран, порачувајќи дека мора да седне на преговарачка маса и да престане да ги загрозува регионот и светот, со нагласување дека Германија дејствува во блиска координација со САД и со партнерите.

Истовремено, критиките на Трамп кон сојузниците од НАТО и заканите за намалување на американското воено присуство во Европа не се нови. Иако такви потези се разгледуваат, аналитичарите проценуваат дека повлекување е малку веројатно, бидејќи САД имаат значителна корист од присуството во Германија.

Војната во Иран дополнително ја засили загриженоста во Европа, која паралелно сè повеќе се подготвува за поголема сопствена одбранбена улога.

Трамп разгледува повлекување на дел од американските сили од Германија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот