Доналд Трамп, претседател на САД /Фото: INSTAR Images / Profimedia

Трамп: Лесно можеме да го отвориме Ормускиот Теснец, да ја земеме нафтата и да заработиме богатство

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД би можеле „лесно“ да го отворат Ормускиот Теснец, што, според него, би можело да донесе значителни економски придобивки.

„Со само малку повеќе време, лесно би можеле да го отвориме Ормускиот Теснец, да ја земеме нафтата и да заработиме богатство. Тоа би била голема добивка за светот“, напиша Трамп на платформата Truth Social.

Околу една петтина од светската сурова нафта и течен природен гас нормално се транспортираат низ Ормускиот теснец.

Сепак, од почетокот на војната со Иран кон крајот на февруари, бродскиот сообраќај низ теснецот во голема мера е запрен, а блокадата доведе до нагло зголемување на цените на нафтата.

Во моментов, само неколку бродови минуваат низ теснецот секој ден, главно од Иран, Обединетите Арапски Емирати, Индија, Кина и Саудиска Арабија.

Според податоците од компанијата за анализа на бродскиот сообраќај „Кплер“, 225 товарни бродови поминале низ теснецот од почетокот на март, што е за 93 проценти помалку отколку пред војната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот