Трамп дециден: Не сакам да носам маска (ВИДЕО)
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во изјава пред јавноста рече дека тој одбива да носи маска за време на пандемија на коронавирусот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во петокот вечерта Трамп ги откри новите федерални мерки во Америка, вклучително и препораката сите во јавноста да носат маска за лице, пренесува АП. Патем, Америка е на првото место по бројот на заразени – 277.467, по што следат Италија со 119.827 и Шпанија со 119.199 лица.
Веднаш по презентирањето на препораките за маските, Трамп посочи дека тој „нема намера“ да го стори тоа.
Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) препорачува Американците во најтешко погодените околини да носат нешто над нивните лица, било да е тоа маица, шамија или нехируршка маска.
„Тоа е препорака и избирам да не ја почитувам. Не сакам да носам маска“, рече тој.
Трамп појасни дека „не може да се замисли себеси“ со маска, како седи во Овалната канцеларија и ги поздравува светските лидери.
„Кога се поздравувам со претседатели на други држави, премиери, диктатори, кралеви, кралици…Едноставно не се гледам во тоа“ објаснил Трамп.
Американскиот претседател вчера потпиша одредба со која и` нареди на својата администрација да го прекине извозот на маски за лице Н-95 и останати лични заштитни опреми во други земји.


