Трамп: Америка треба да преговара за нов и подобрен нуклеарен договор со Русија
Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот изјави дека САД треба да преговараат за „нов, подобрен и модернизиран“ нуклеарен договор со Русија, наместо да се согласат на продолжување на договорот „Нов СТАРТ“, објави „Си-ен-ен“.
Препорачано
„Наместо да го продолжиме ‘НОВ СТАРТ’ (лошо договорен договор од страна на САД кој, покрај сè друго, грубо се крши), треба нашите нуклеарни експерти да работат на нов, подобрен и модернизиран договор што ќе може да трае долго во иднина“, напиша претседателот на социјалната мрежа „Трут сошал“.
Последниот преостанат нуклеарен договор меѓу двете земји истекува во четвртокот и предизвика стравувања од нова трка во нуклеарно вооружување, при што двете најголеми нуклеарни суперсили за првпат по децении би останале без ограничувања на своите арсенали.
За потсетување, договорот за контрола на нуклеарното вооружување меѓу Русија и САД истече денеска, зголемувајќи го ризикот од нова трка во вооружување во која сè поголема улога ќе има и Кина.
На полноќ истекува договорот: САД и Русија без нуклеарни ограничувања по повеќе од половина век
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
14мин
-
17мин
-
22мин
-
33мин
-
35мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


