Трајковски за роденден го брка рекордот на Христов!
Освен што би можел Александар Трајковски од гостувањето во Израел да си замине со триумф, со евентуални два голови против Израелците би го надминал рекордот на Ѓорѓи Христов.
Препорачано
Македонската А репрезентација денеска од 20.45 часот ќе го игра својот петти меч во квалификациите против Израел, а четири дена подоцна гостуваме и кај Летонците.
Јасно е дека фудбалерите ги очекува еден тежок натпревар, но најавуваат дека се подготвени за предизвикот. Имаат квалитет и сила да се надигруваат и да остварат добар резултат.
На вечната листа најдобри стрелци на нашата сениорска селекција на врвот е Горан Пандев кој моментно има 33 голови, второпласиран е Христов со 16, а еден помалку на третата позиција има Трајковски, колку што има и поранешниот репрезентативец Артим Шаќири.
Последен пат фудбалерот на Мајорка за националниот дрес стрелаше во Лигата на нации лани на 19 ноември во Скопје против Гибралтар (4:0).
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
39мин
-
52мин
-
9час
-
10час
-
10час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


