Трајковски: Досега Делчево успешно се справува со Ковид-19

Имаме секојдневна координација. Се организираме, ги почитуваме мерките и препораките од Владата. Досега Делчево успешно се справува со Ковид-19, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Горан Трајковски, градоначалник на Делчево.

Граѓаните на Делчево ги почитуваат препораките, а во општината редовно се врши дезинфекција.

-Дезинфекција вршиме секојдневно. Уште од почетокот на кризата ние како општина ја сфативме сериозноста и комплексноста на ситуацијата и ги донесовме мерките – набавивме пола тон хлор, започнавме со дезинфекција на улиците, детските игралишта, институции. Делчевчани ја имаат сфатено сериозноста и го почитуваат полицискиот час, сметам дека така и ќе биде и за претстојниот викенд, изјави Трајковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот