Фото: Принтскрин

Трагична несреќа во Хрватска — кобила удрила ветеринар во градите и го убила

Трагична несреќа се случила вчера во областа Крижевци во Хрватска, во која 48-годишен ветеринарен работник загинал откако кобила го удрила во градите додека тој ѝ вршел третман на копитата во шталата, пренесува хрватски „Индекс“.

Според информациите, човекот работел со кобилата во шталата кога животното одеднаш силно го удрило во градите со едната нога. Веднаш била повикана брза помош на местото на настанот, но и покрај укажаната медицинска помош, тој починал.

Телото е пренесено во Одделот за патологија на Општата болница Бјеловар, каде што по наредба на Окружното јавно обвинителство во Бјеловар ќе се изврши обдукција.

Полицијата спроведува истраги и ги утврдува сите околности на несреќата, по што надлежното државно обвинителство ќе поднесе извештај за случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот