Исчезната Ана Радовиќ / Фото: приватна архива

Трагичен крај на потрагата во Србија: Исчезнатата Ана и нејзиниот пријател три дена биле мртви во возило заглавено во канал

Ана испратила „панични повици“ до властите од својот телефон.

Полицијата и пожарникарите денеска го пронашле автомобилот во кој се возеле Ана Радовиќ (20) и нејзиниот пријател . Во тек е операцијата за извлекување на автомобилот од каналот покрај прометниот автопат. Возилото билово тој канал три дена, додека семејството, пријателите и полицијата ги бараа исчезнатите, пишуваат српските медиуми.

Автомобилот „ауди“, во кој биле Ана и нејзиниот пријател, бил пронајден од минувачи кај каналот, веднаш до прометниот автопат. Возилото ја пробило заштитната ограда, излетало од патот и се заглавило.

Автомобилот е во тој канал веќе три дена, и покрај тоа што бил веднаш до прометен автопат, мештаните го виделе дури денеска.

„Како што објави Блиц, од автомобилот биле упатени два таканаречени „панични повици“, по што полицијата открила дека службата за итни случаи и брзата помош биле повикани двапати од телефонот на Ана.

Како што беше потврдено за Нова вчера, полицијата се обидувала да го лоцира телефонот од кој биле испратени тие повици преку базни станици.

Ана и нејзиниот пријател го напуштиле Златибор пред три дена, а потоа им се изгубила трагата. Последен пат Ана се слушнала со својот брат пред три дена, околу 18:45 часот. После тоа, како што рече семејството, телефонот бил достапен уште 14, 15 часа, по што бил недостапен.

Вчера полицијата го пребара и подрачјето околу Чачак, подрачјето околу Западна Морава и Меѓувршје, бидејќи се сомневаше дека автомобилот паднал во вода.

 

Дали исчезнатата Ана од Златибор била во автомобилот што падна во езеро кај Чачак?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот