Трагедија во Србија – дедо, син и внук се задушија со амонијак од септичка јама
Ужасна трагедија попладнево ја потресе Србија – четворица луѓе, од кои тројца се членови на едно семејство од три генерации – дедо, син и внук, се задушија со амонијак од септичка јама. Загинал и сосед на несреќното семејство кој притрчал напомош.
Препорачано
Ова се случило во селото Љубесело кај српскиот град Топола околу 17 часот. Еден од загинатите паднал во септичката јама, а останатите се обиделе да му помогнат. За жал, четири од жртвите се задушиле, а мајката на 20-годишното момче кое е меѓу загинатите била итно префрлена во болница и лекарите се борат за нејзиниот живот.
На местото на несреќата први пристигнале пожарникарите и екипите на итната помош. Лекарите успеале да ја реанимираат жената, која итно била префрлена во болницата во Аранѓеловац.
Двајца од пожарникарите кои ги извлекувале телата на задушените се полесно затруени и тие биле згрижени во болницата во Топола.
„Немаме зборови да ја опишеме тагата што ја чувствуваме. Семејството подготвувало прослава за полнолетство на еден од своите членови и дошло до оваа несреќа. Ова е трагедија за целото село и Топола“, вели еден од мештаните.


