Трагедија во семејството на Артуро Видал: Пронајден мртов неговиот татко

29 март 2022/ фото: EPA-EFE/Marcelo Hernandez / POOL

Ерасмо Видал (61) таткото на контроверзниот чилеански фудбалер, Артуро Видал бил пронајден мртов во ресторан на коњачки клуб во Сантијаго.

Од клубот потврдија дека вработените го пронашле таткото на Видал во клупскиот ресторан, а според информациите починал од срцев удар.

„Го пронајдоа работниците, кога сфатија дека не реагира повикаа брза помош. Веднаш по пристигнувањето се обидуваа да го оживеат, меѓутоа обидите беа безуспешни, константирана беше смрт“, открил еден од вработените.

Видал веднаш отпатувал за Чиле, но се очекува да се врати во Бразил во четврток за да го одигра својот натпревар за Фламенго во финалето од Купот на Бразил против Коринтијас.

Односот на Видал со неговиот татко беше специфичен, фудбалерот растеше без неговата присутност, но подоцна се зближија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот