Трагедија во Романија: Новороденче почина по крштевањето, го потопиле трипати во вода

epa02361727 A Georgian orthodox priest baptizes a baby during a mass baptism of some 700 babies into the Georgian orthodox church in Tbilisi, Georgia, 28 September 2010. In a drive to promote the demographic growth of members of the Georgian Orthodox church, heads of the faith have promised that the third child of any family will be baptized by the head patriarch, Ilia II. EPA/ZURAB KURTSIKIDZE

Откако се рашири веста дека новороденче починало непосредно по својата крштевка, оваа недела многу Романци се мобилизираа на социјалните мрежи за да ја убедат Православната црква да го смени начинот на којшто се изведува крштевањето.

– Смртта на новороденчето поради оваа практика е голема трагедија. Тој ризик мора да се отстрани, рекоа иницијаторите на петицијата на Интернет, која досега собра повеќе од 56.000 потписи.

Новороденчето, коешто било старо само шест недели, починало во болницата во понеделникот, непосредно по крштевањето во една црква во романскиот град Сучеава.

Според обредот, малечкото било потопено трипати во блажената вода. Детето се разболело и починало неколку часа подоцна во болница поради срцева слабост.

Аутопсијата открила течност во неговите бели дробови и отворена е истрага за убиство од небрежност против свештеникот кој ја водел церемонијата.

Според извештаите на медиумите, во последните години се случиле неколку такви случаи.

Портпаролот на Православната црква, Василе Банеску изјави дека свештениците можат само да ги испрскаат новороденчињата со малку вода на челото за да избегнат вакви трагедии.

Но, архиепископот Теодосиј, тврдокорен водач на црквата, рече дека обредот нема да се промени.

Извор: Индекс.хр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот