Трагедија во Мароко: Се урна зграда во изградба, 5 луѓе загинаа

Фото: Твитер

Пет лица загинаа при уривањето зграда во изградба во индустриска зона во близина на Казабланка, економската престолнина на Мароко, соопштија денеска властите нов биланс на жртви.

Локалните медиуми по несреќата што се случи во четвртокот јавија дека две лица загинале, а петмина се повредени.

„Трагедијата ги чинеше животите на петмина работници“, се наведува во соопштението на синдикатот.

Се додава дека работниците работеле на изградба на „четири дополнителни ката на фабрика“ и дека условите во кои работеле не биле безбедни.

Надлежните соопштија дека е отворена истрага за утврдување на причините за уривањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот