Трагедија во Јужна Африка – почина фудбалер кој настапи на Мундијалот
Јужноафриканскиот фудбал е во жалост по веста дека Џејден Адамс, фудбалер на Мамелоди Сандаунс и репрезентативец на Јужна Африка, починал на само 25-годишна возраст.
Препорачано
Причината за неговата смрт засега не е соопштена.
Тажната вест ја потврди еден од неговите тренери, Брендин Џонсон, кој во име на семејството побара приватност во овие тешки моменти.
„Сѐ уште е премногу болно. Раната е свежа, а семејството не е во состојба да разговара со никого. Оваа вест ги шокираше сите. Само што се врати од Светското првенство, а потоа пристигна оваа страшна вест“, изјави Џонсон.
Тој откри дека со Адамс разговарал само неколку дена пред неговата смрт.
„Последен пат се слушнавме во четврток. Беше полн со позитивна енергија и среќен што се врати дома по турнирот. Со нетрпение гледаше кон предизвиците што го очекуваа, особено по освојувањето на титулата африкански шампион со својот клуб. Најмногу сакаше да помине време со семејството. Останав без зборови. Можам само да потврдам дека повеќе не е меѓу нас. Никој не можеше да претпостави дека ќе се случи вакво нешто“, додаде Џонсон.
Адамс важеше за еден од најталентираните јужноафрикански фудбалери. Во дресот на Мамелоди сандаунс ја освои титулата африкански клупски шампион, а беше и стандарден репрезентативец на Јужна Африка.
На неодамна завршеното Светско првенство настапи на три натпревари. Против Мексико одигра 61 минута, против Чешка беше на теренот 45 минути, додека во дуелот со Јужна Кореја доби шанса во последните десет минути.
[BREAKING] Mamelodi Sundowns and Bafana Bafana World Cup midfielder, Jayden Adams, has died at the age of 25. Tune in to #eNCA, channel #DStv403. pic.twitter.com/Q74c0HflHE
— eNCA (@eNCA) July 11, 2026


