Трагедија во Хрватска, почина 24-годишен фудбалер

Фото: Nk Otok Otok/facebook

Трагедијата ја погоди Хрватска, 24-годишниот фудбалер Дејан Оршуш почина од срцев удар во неделата.

Неговиот клуб Оток играше против Раднички во втората жупанска лига, но за време на натпреварот одеднаш му се слоши, а набргу потоа Оршуш почина во болницата во Чаковец.

– Во длабока тага ве известуваме дека играчот на ФК Оток, Дејан Оржуш почина вчера, откако се онесвести за време на натпреварот. Тој беше човек за шега, талент за фудбал, голем играч и уште поголем пријател! Зад себе остави жена во петтиот месец од бременоста и дете.

Благодарност до него за сите голови, помагање на клубот и за подигање на расположението додека на момците им беше најтешко! Секогаш во нашите мисли и срца – пренесува неговиот клуб Оток, мало гратче во Меѓимурје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот