Фото: Скриншот

ТРАГЕДИЈА НА ЕЛИТНА ВОЕНА АКАДЕМИЈА ВО САД: Еден кадет загинал, а 20 се повредени за време на вежба

Еден кадет на воената академија Вест Поинт во американската држава Њујорк, денеска починал во несреќа за време на вежба со транспортно возило, при која уште 22 лица се повредени, соопштуваат од Вест Поинт.

Според повеќе медиуми, возилото го променило правецот додека се движело по пистата недалеку од оваа официрска школа која се наоѓа до реката Хадсон.

Повредените, меѓу кои биле и 20 кадети и двајца војници, се префрлени во околната болницо, соопшти ова воено училиште.

На трагедијата реагираше и претседателот Доналд Трамп.

„Многу ми е жал што слушам за ужасната несреќа на нашите одлични кадети од Вест Поинт. Тагуваме за загинатите и се молиме за повредените“, напиша претседателот на САД на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот