Тошковски се сретна со грчката амбасадорка, предложил мерки за проблемот со недостигот на обрасци за пасошите

Фото: МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска се сретна со грчката амбасадорка во земјава, Софија Филипиду, соопштија од МВР.

На средбата, Тошковски го презентирал проблемот со недостигот на обрасци за пасошите и предложил мерки за негово решавање. Од МВР не соопштија за какви мерки станува збор.

Министерот Тошковски во интервју за „360 степени“ на МРТ најави дека ќе направи се’ што може грѓаните да не останат без документи по 12 февруари.

Тошковски посочи дека физички е невозможно да бидат издадени сите докумети до законски утврдениот рок. Најголемиот проблем, според него, е самото печатање и издавање на пасошите.

Ќе направиме сè за да го релаксираме процесот и ќе направиме сè за граѓаните на Република Македонија да не останат заробени после 12 февруари“, истакнува Тошковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот