Тошковски: Обезбеден е континуитет и навремена испорака на обрасци

Панче Тошковски/, фото Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

Можноста да се забрза динамиката на производство и испорака на обрасците беше тема на разговор на денешната средба во Атина меѓу министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Марк Џулиан Сиверт, претседателот на бордот на директори на ВЕРИДОС, компанијата која е задолжена за производство на обрасците за лични документи.

На средбата, информираат од МВР, беше заклучено дека ќе биде обезбеден континуитет и навремена испорака на обрасци за патни исправи за нареден период.

-Со ова се обезбедуваат услови за машините за производство на пасоши да работат без прекин и со полн капацитет и во месеците мај и јуни, посочуваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот