Александар Тортевски / Фото: ТВ 24

Тортевски: Сега на најскап начин плаќаме за нашето „имам човек“ и „знаеш ли кој сум јас?“

Адвокатот Александар Тортевски вечерва во емисијата „24 анализа“ на ТВ „24“ рече дека пожарот што се случи во Кочани е последица на тоа што многу луѓе молчеле, земале рекет, мито и како што вели, „ја вртеле главата пред сè што се случувало“.

Според него, службите треба час поскоро да го расчистат внимателно објектот, бидејќи, како што објасни, азбестот е еколошка бомба.

„Очигледно дека многу луѓе знаеле и молчеле земале мито, рекет, се сликале со сопствениците на објектот. Тоа било злоупотребувано, ја вртеле главата на страна. Истрагата ќе треба да утврди кој и со што придонел за трагедијата и за жал сега сите сме генерали после битка. Ние нема да извлечеме заклучоци и поуки од ова. Ние не сме држава, не заслужуваме да имаме држава, ние не сакајќи ја добивме и ќе ја загубиме. Во ниту една држава нема толку пропусти“, рече Тортевски.

Според него, оваа дискотека можела да биде затворена многу порано бидејќи како што вели, пренамената на ваков објект во дискотека е незаконски.

„Ова е нашиот јавашлук, на нашата површност. Корумпиран систем на одговорност. Оваа дискотека можел да ја затвори било кој судија и има право да реагира било кој полицаец. Она нашето, „имам човек“, „имам врски“, „знаеш ли кој сум јас“, слики со премиери, министри, покажување, кампањи, сега го плаќаме на најскап начин и за жал цената ја платија оние кои не учествувале во изградбата на овој систем. Јавна тајна е дека тоа се случувало и сите молеле, ова е цена на алчност, корумпираност и неказнивост. Ноќните клубови се темпирана бомба, особено кога не исполнуваат стандарди. Пренамената на шупа во дискотека – незаконска, второ – спуштен плафон од сунѓер, ако гледате на видеата кога почнаа да летаат искрите, една искра застанува се гаси и втората на истото место почнува пламен, тоа не е гипс картон, тоа е сунѓер. Трето – во затворена просторија се користи студена пиротехника која не развива температура, но таа е поскапа. Дискотеката требало да има уште два излеза. Немаме ниту еден елемент за работа, но функционирала со години“, рече Тортевски.

Тој зборуваше и за тоа дека азбестот е сериозна закана и еколошка бомба која треба да се отстрани од разрушениот објект внимателно.

„Тоа не може да е клуб, тоа е со криминал, пренаменета шупа. Службите треба да расчистат, верувам дека доказите се собрани но тој азбест мора да се тргне бидејќи тоа е еколошка бомба и е канцероген, околината ќе се контаминира со канцерогени честички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот