Топ 10 најскапи фудбалери кои ќе го пропуштат Европското првенство!
Македонската А репрезентација со триумфот над Грузија во Тбилиси (0:1) успеа да обезбеди место на наредното Европско првенство.
Препорачано
Веднаш по дознавањето на сите 24 учесници на континенталниот собир, веднаш се направи листа од најскапи фудбалери ќе го пропуштат големиот фудбалски настан.
Германскиот „Трансфермаркт“ објави познати, звучни имиња кои истовремено настапуваат за едни од најдобрите европски клубови.
На првото место е 27-годишниот голман на Атлетико Мадрид, Словенецот Јан Облак чија вредност изнесува 90 милиони евра.
Топ 10 најскапи фудбалери кои ќе го пропуштат Евро 2020:
Јан Облак (Словенија) 90 милиони евра
Ерлинг Халанд (Норвешка) 80 милиони евра
Сергеј Милинковиќ Савиќ (Србија) 65 милиони евра
Миралем Пјаниќ (Босна и Херцеговина) 50 милиони евра
Мартин Одегард (Норвешка) 45 милиони евра
Филип Костиќ (Србија) 32 милиони евра
Костас Манолас (Грција) 32 милиони евра
Никола Миленковиќ (Србија) 28 милиони евра
Мараш Кумбула (Албанија) 25 милиони евра
Томас Стракоша (Албанија) 25 милиони евра
(ВИДЕО)Голот на Пандев во конкуренција за најубав во Лигата на нации


