Том Круз / Фото: EPA-EFE/BIANCA DE MARCHI

ВИДЕО | Том Круз им останал должен 770.000 долари на мајсторите за неговиот луксузен пентхаус вреден 9,5 милиони долари

Холивудската суперѕвезда Том Круз (63) се најде во центарот на скандал откако истрага на „Дејли мејл“ откри дека актерот има неплатени долгови кон изведувачите кои го реновирале неговиот луксузен имот на Флорида. Мајсторите со години си ги бараат парите преку суд, а долгот кон нив надминал 770.000 долари.

Луксуз од 10 милиони, а сметките празни?

Актерот го купи својот пентхаус во зградата „SkyView“ (лоциран во близина на светското седиште на Скиентологијата) во 2018 година за неверојатни 9,58 милиони долари. Веднаш потоа започна со темелно реновирање вредно дополнителни три милиони, кое вклучувало рачно изработен мебел, мермерни подови и приспособен ентериер.

Сепак, наместо „холивудски хепиенд“, мајсторите доживеале вистински кошмар. Истрагата открива дека дури шест различни градежни фирми морале да поднесат тужби и законски залози врз неговиот имот за да си ги повратат парите.

Мајсторите си ги бараат парите преку суд

Меѓу оштетените се елитни компании кои работеле на ентериерот. Една фирма за мебел му фактурирала 1,5 милиони долари, но актерот останал должен повеќе од 500.000 долари, друга компанија за бојадисување пак сè уште чека на преостанати 44.000 долари од вкупната сметка која изнесувала над четврт милион долари.

Експертите велат дека ова не мора да значи дека Круз нема пари, туку честопати богатите ѕвезди одбиваат да платат ако не се задоволни од „квалитетот на изработката“, што води до долги судски процеси.

Пентхаус од соништата

Инаку, овој луксузен дуплекс на 9-тиот и 10-тиот кат располага со покривна тераса со солариум, „инфинити“ џакузи, базен и бар. Но, додека едни уживаат во луксузот, други се принудени да водат правни битки за да го наплатат својот труд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот