Тлото не се смирува: Уште два земјотреси регистрирани во Гостивар

Земјотрес / Фото: Илустрација

Уште два земјотреси се регистрирани денеска во близина на Гостивар. Првиот со јачина од 3,8 беше регистриран околку 12 часот попладне, а вториот силен земјотрес беше со јачина од 3,6 степени, кој го регистрираше Европскиот медитерански сеизмилошки центар (ЕМСЦ) во гостиварскиот регион.

Инаку утринава во 04:54 часот беше регистриран првиот и најсилен земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, после тоа следеа уште два други, а третиот се случи предмалку во 13:26 часот.

 

Засега не се пријавени штети од силниот земјотрес што го стресе подрачјето на Гостивар рано утрово. Епицентарот на земјотресот беше во Леуново, на територијата на Општина Маврово и Ростуше.

Досега нема пријави за причинети штети. Утрово исконтактирав со локални жители на селото, полицијата како и со одговорните во хотелот Радика, кој е во Леуново и од сите добив информација дека нема последици. Се надеваме да остане така. По силниот земјотрес почувствуваме неколку потреси со послаб интензитет, што е очекувано.“, рече во телефонски разговор за Gostivarpress.mk , градоначалникот на Маврово и Ростуше Медат Куртовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот