Тинејџер од Хрватска три месеци живеел сам во куќа без струја, вода и греење
Средношколец на возраст од 17 години од исток во Хрватска три месеци живеел сам во куќа без струја, вода и греење, бидејќи ниту еден од родителите по разводот не го земал со себе.
Препорачано
Прво заминала неговата мајка, а една година подоцна се отселил и таткото, а покрај синот, родителите ја оставиле и ќерката.
Кога ќерката отишла да живее кај бабата, средношколецот останал сам.
Поради груби занемарувања на должноста и недостиг во воспитување на децата, полицијата кај државниот обвинител го пријавила 40-годишниот татко, кој бил од порано познат од полицијата, како и 39-годишната мајка.
Како што се пренесува, родителите банкротирале, за потоа мајката да отиде во странство, но кога се вратила се развела од сопругот, за синот да остане да живее кај неа, а ќерката кај таткото.
Мајката набргу потоа се отселила во странство каде формирала ново семјство, додека синот отишол да живее со таткото и ќерката.
И таткото набргу потоа заминал во странство и ги оставил двете малолетни деца во куќата да се грижат за себе, а девојчето потоа отишло да живее кај својата баба.
– Децата ги гледавме на улица, но секогаш мислевме дека доаѓаат по работите кои им требаат. Во таа куќа веќе една година нема основни услови за живот, почнувајќи од најосновното – струја, вода и греење. Дури потоа дознавме дека момчето живеело само во тие услови – изјавила нивна сосетка за хрватските медиуми.


