Тимо Вернер нема да игра со Елмас, Германецот оди на позајмица во Тотенхем?!

фото: EPA-EFE/Alexander Hassenstein

Поранешниот напаѓач на Челси, Тимо Вернер е подготвен да му се приклучи на Тотенхем како позајмен од Лајпциг, пренесува „Атлетик“.

Клубовите ги финализираат деталите за позајмица со која Вернер ќе се пресели во северен Лондон до крајот на сезоната 2023/2024.

Манчестер јунајтед исто така ја следеше ситуацијата со Германецот, но 27-годишниот фудбалер е поблиску до преселба во составот на Анге Постекоглу.

Вернер дојде во Лајпциг од Челси за 47,5 милиони фунти во 2020 година, но не можеше да ја повтори својата голгетерска форма во Бундеслигата и се бореше да го задржи редовното стартно место во западен Лондон.

Тој постигна 23 гола на 89 натпревари за тимот од Стемфорд Бриџ, но се врати во Лајпциг во летото 2022 година, откако стартуваше само на 15 натпревари во Премиер лигата претходната сезона.

Вернер оваа сезона до сега настапи 14 пати за Лајпциг, постигнувајќи два гола и забележа една асистенција.

ВИДЕО: Лајпциг го промовираше македонскиот фудбалски „дијамант“ Елиф Елмас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот