Фото: „Галактикос продукција“ - Кавадарци

Тиквеш Голден Игл до важна победа во трката за опстанок во елитата

Кошаркарите на Тиквеш Голден Игл, дојдоа до уште една важна победа, откако вечерва, пред своите гледачи во салата „Јасмин“ во Кавадарци беа подобар противник од МКК Куманово со 92:86. И по 20 одиграни кола во „МТЕЛ“ Супер лигата сега се на учинок 9-11, ист каков што има и екипата од Куманово.

Кумановци беа подобар ривал во првиот период, впрочем, имаа и минимална предност по 10 одиграни минути (22:21). Но работите почнаа да се менуваат, во корист на екипата од Кавадарци, во текот на втората четвртина. Онаа во која домашната екипа и ја обезбеди клучната позитива која го одреди и понатамошниот тек на мечот во салата „Јасмин“. Со себе понесоа позитива од девет поени (47:38), на полувремето.

Во текот на третиот период, разликата помеѓу двата ривали, сега и двата во трката за опстанок во друштвото на најдобрите, беше и поголема. Во 28 минута, Тиквеш Голден игл имаше и „плус 14“ (70:56), за тој дел од играта да финишира со нешто пониски 72:61. Ништо не се смени ниту во последните 10 минути од играта. Период во кој кавадарчани стекна уште повисока позитива (79:64) по 33 минута, а три минути потоа, таа предност беше и повисока (87:71).

Тоа како да ги задоволи момците на тренерот Атанас Манев, па до крајот, кумановци разликата ја сведоа на едноцифрена. Со тројката на Митевски, МКК Куманово дојде на (86:92), но време за нешто повеќе, едноставно немаше. Глигоријевиќ постигна дабл-дабл од 20 поени и 10.скока. На спротивната страна Радукиќ постигна 20 поени, а имаше и 14 скока.

МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 20.КОЛО

Работнички – Ангели 107:67
Гостивар – Маџари 86:66
Кожув – МЗТ Скопје Аеродром 88:80
Чаир 2030 – Феникс 2010 67:81
ТФТ – Пелистер 99:84
Тиквеш Голден Игл – МКК Куманово 92:86

ТАБЕЛА

1. ТФТ 20 18 2 1730:1489 38

2. МЗТ Скопје А. 20 18 2 1570:1365 37

3. Пелистер 20 14 6 1838:1630 34

4. Кожув 20 11 9 1663:16222 31

5. Маџари 20 10 10 1670:1659 30

6. МКК Куманово 20 9 11 1627:1597 29

7. Тиквеш ГИ 20 9 11 1647:1646 29

8. Чаир 2030 20 9 11 1618:1712 29

9. Работнички 20 8 12 1660:1623 28

10. Феникс 2010 20 8 12 1576:1620 28

11. Гостивар 20 5 15 1476:1592 25

12. Ангели 20 1 19 1358:1846 21

ИДНО КОЛО (28.03)

Ангели – Чаир 2030
МКК Куманово – Кожув
Феникс 2010 – Маџари
ТФТ – Гостивар
Пелистер – Тиквеш Голден Игл
МЗТ Скопје Аеродром – Работнички

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот