Тиква­та има моќ да го ре­ге­не­ри­ра це­ли­от ор­га­ни­зам

профимедиа

Поч­ну­ва се­зо­на­та на тиквата. Овој плод мо­же да се ја­де на раз­лич­ни на­чини, за­пе­чен во рерна, пе­чен со мед и оре­ви или пак са­мо со ше­ќер, ка­ко дел од со­ле­ни и бла­ги ре­цепти, чо­рби, ва­ре­на тиква, а во по­след­но време, осо­бе­но во овој пе­ри­од од го­ди­ната, сè по­чес­то се на­о­ѓа и во се­как­ви кок­те­ли што го сим­бо­ли­зи­ра­ат до­а­ѓа­ње­то на есента.

Пок­рај тоа што се­кој од нас знае кол­ку вкус­на и здра­ва мо­же да би­де тиквата, не­за­вис­но од тоа на кој на­чин сме ја под­гот­виле, ќе по­чув­ству­ва­ме при­до­бив­ки по на­ше­то здрав­је и до­кол­ку ре­дов­но ја­де­ме сем­ки од тиква. Овие сем­ки што се на­о­ѓа­ат во внат­реш­нос­та на тиквата, се од­лич­ни за по­доб­ру­ва­ње на фун­кци­ја­та на цре­ва­та ка­ко и за по­доб­ру­ва­ње на ва­ре­ње­то на хра­ната.

Ја­де­те тиква до­кол­ку сте на ди­ета

Нут­ри­ци­о­нис­ти­те по­тенци­ра­ат де­ка кон­су­ми­ра­ње­то на тиква­та во овој пе­ри­од од го­ди­на­та е ис­клу­чи­тел­но важ­но и таа тре­ба да се ја­де во го­ле­ми ко­ли­чини, не­за­вис­но од тоа да­ли сте ја при­гот­ви­ле ка­ко де­серт или, пак, ка­ко дел од глав­но­то ја­дење. Таа е вкусна, има прис­тап­на це­на и е ис­клу­чи­тел­но здрава, пот­се­ту­ва­ат нут­ри­ци­о­нис­тите.

Имено, са­мо ед­на пор­ци­ја од овој зе­лен­чук има са­мо 50 ка­ло­рии, а ис­тов­ре­ме­но изо­би­лу­ва и со го­ле­ми ко­ли­чи­ни на ви­та­ми­ни­те Е, Ц, А, ка­ли­ум и рас­ти­тел­ни влакна.

Пи­ре­то нап­ра­ве­но од ва­ре­на тиква мо­же да би­де од­лич­на за­ме­на за хра­на што мо­же­би са­ка­те да ја избег­ну­вате, ка­ко пу­те­рот, мар­га­ри­нот, сон­чо­г­ле­до­во­то мас­ло за ја­де­ње и јајцата. Пок­рај тоа, ва­ре­на­та тиква, осо­бе­но онаа што е под­гот­ве­на на па­реа без до­да­ва­ње од­ре­де­ни зас­ла­ду­вачи, е од­лич­на хра­на што мо­же да се ја­де во кој би­ло пе­ри­од од де­нот и за си­те оние што вни­ма­ва­ат на сво­ја­та те­лес­на те­жи­на или, пак, се на ди­ета.

Пок­рај тоа, тиква­та е ис­клу­чи­тел­но хран­лива, па по­дол­го вре­ме ќе ве од­ржу­ва сити, а во­ед­но и ќе ви да­де енер­ги­ја за из­вршу­ва­ње на се­кој­днев­ни­те об­врски.

Изо­би­лу­ва со ан­ти­ок­си­данти

Тиква­та во сво­јот сос­тав сод­ржи ог­ро­мен број ан­ти­ок­си­данти, вклу­чу­вај­ќи го ту­ка и бета-ка­ро­те­нот, кој всушност ѝ ја да­ва и препоз­нат­ли­ва­та порто­ка­ло­ва боја. Пок­рај тоа, сод­ржи и алфа-ка­ро­тен, кој мо­же да ги не­ут­ра­ли­зи­ра сло­бод­ни­те ра­ди­ка­ли во те­лото, а при­тоа да не нап­ра­ви как­ви би­ло ош­те­ту­вања. Пок­рај тоа, ал­фа и бе­та ка­ро­те­нот ис­то та­ка мно­гу по­ма­га и во бор­ба­та про­тив по­ја­ва­та на од­ре­де­ни ти­по­ви рак.

Го за­јак­ну­ва иму­ни­те­тот

Ви­та­ми­нот Ц што го има во го­ле­ми ко­ли­чи­ни во тиквата, не­за­вис­но од тоа за ка­ков вид тиква ста­ну­ва збор, по­ма­га во за­јак­ну­ва­ње­то на иму­но­лош­ки­от сис­тем и го пот­по­ма­га про­из­ве­ду­ва­ње­то на бе­ли­те крв­ни зрнца, а со ог­лед на тоа де­ка се­зо­на­та на нас­тин­ки и грип во есен се ак­ту­а­ли­зира, ова е ток­му ед­на од при­чи­ни­те зош­то тре­ба да вне­су­ва­те кол­ку што е мож­но по­го­ле­ми ко­ли­чес­тва тиква во ис­хра­ната.

Ис­то така, бета-ка­ро­те­нот се прет­во­ра во ви­та­мин А во те­лото, а ис­тра­жу­ва­ња­та на оваа те­ма по­ка­жа­ле дека,ж ток­му овој ис­клу­чи­тел­но ва­жен ви­та­мин, мно­гу по­ма­га во за­јак­ну­ва­ње­то на иму­но­лош­ки­от сис­тем и од­лич­но се бо­ри про­тив ин­фек­ци­ите.

Го од­ржу­ва здрав­је­то на очите

Ви­та­ми­нот А ис­то та­ка е ис­клу­чи­тел­но ва­жен за од­ржу­ва­ње на здрав­је­то на очите, но и за од­ржу­ва­ње­то на до­бри­от вид и тоа на по­од­ми­на­та воз­раст. Тиква­та ва­жи за од­ли­чен из­вор на лу­те­ин и зе­ак­сан­тин, два ка­ро­те­но­и­да што се ис­клу­чи­тел­но важ­ни за од­ржу­ва­ње­то на здрав­је­то на очите.

За здра­во срце

Тиква­та сод­ржи го­лем број хран­ли­ви сос­тојки, рас­ти­тел­ни влакна, ка­ли­ум и ви­та­мин Ц, кои вака, во вак­ва ком­би­на­ци­ја во как­ва што се на­о­ѓа­ат во тиквата, зна­чи­тел­но по­ма­га­ат во за­јак­ну­ва­ње на ср­це­ви­от мус­кул, но и за ра­бо­та­та на ср­цето.

Ан­ти­ок­си­дан­ти­те што се сод­ржа­ни во тиква­та мо­жат да ја спре­чат и по­ја­ва­та на ло­ши­от хо­лес­те­рол ка­ко и по­ка­чу­ва­ње­то на триг­ли­це­ри­дите.

Сјај­на и здра­ва кожа

Сту­ди­и­те што би­ле нап­ра­ве­ни око­лу бе­не­фи­ти­те што ги до­би­ва чо­ве­кот до­кол­ку ре­довно, осо­бе­но во овој пе­ри­од од го­ди­ната, ја­де тиква, по­ка­жа­ле де­ка тиква­та ос­вен тоа што од­нат­ре го ре­ге­не­ри­ра ор­га­низ­мот и го „чува” од по­ја­ва на од­ре­де­ни се­ри­оз­ни за­бо­лу­вања, ис­то та­ка мно­гу по­ма­га и во од­ржу­ва­ње­то на здрав­је­то на ко­жата.

Го­ле­мо­то ко­ли­чес­тво ви­та­мин Ц кое е сод­ржа­но во тиква­та по­ма­га во сти­му­ли­ра­ње­то на зго­ле­ме­но­то про­из­вод­ство на ко­ла­ген.

Бо­га­та со про­те­ини

Имај­те на ум де­ка во ни­кој слу­чај не тре­ба да ги фрла­те сем­ки­те од тиквата, би­деј­ќи се од­ли­чен из­вор на про­те­ини, маг­не­зи­ум и на рас­ти­тел­ни влакна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот