Тифани Трамп се сврши во Белата куќа, на последниот ден од мандатот на Доналд Трамп

Меланија Доналд Трамп
Фото: Profimedia

Тифани Трамп, ќерката на Доналд Трамп вчера ја објави свршувачката со долгогодишното момче Мајкл Булос.

27-годишната Тифани ја сподели радосната вест на социјалните медиуми, истакнувајќи дека за неа е голема чест што прославила толку успеси во Белата куќа, а сега и најважниот – нејзината веридба со Мајкл.

Profimedia

Беше чест да се прослават многу успеси, историски прилики и да се направат спомени со моето семејство во Белата куќа. Ништо не беше толку посебно како веридбата со мојот прекрасен мајкл. Се чувствувам благословено и возбудена сум поради следното поглавје“, напиша Тифани на Твитер покрај нивната заедничка фотографија.

Вереникот на Тифани, 23-годишниот Мајкл Булос е роден во Триполи и е американски бизнисмен. Тифани и Мајкл се запознале на Миконос летото 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот