„The Weeknd“ го загуби гласот среде настап: Пејачот мораше да го прекине концертот
Популарниот пејач се соочи со непријатна ситуација на сцената за време на настапот, кога го загуби гласот. Музичарот „The Weeknd“ го прекина концертот на стадионот во Лос Анџелес, бидејќи имал проблеми со гласот, па не можел да и го даде максимумот пред својата публика.
Препорачано
Претходниот настап поминал без никакви проблеми, а бидејќи следниот концерт беше закажан само ден по првиот, се чини дека тоа влијаеше на неговиот вокал.
„Не можам да го одржам концертот што го сакам“, рече музичарот со растреперен глас, што се гледа од видеото кое кружи на социјалните мрежи.
.@TheWeeknd just lost his voice in the middle of a sold out show at SoFi Stadium. Came out and apologized and announced everyone would get their money back and left. pic.twitter.com/En7v16RbwV
— Kenny Holmes (@KHOLMESlive) September 4, 2022
„Ќе ви бидат вратени парите. Ќе се погрижам се да биде како што треба“, додаде тој, додека големата толпа продолжи да го скандира неговото име.
— The Weeknd (@theweeknd) September 4, 2022
„Извинете. Многу ми е жал. Ве сакам“, рекол „The Weeknd“, па ветил дека наскоро ќе организира ново дружење на ова место.
View this post on Instagram


