Фото: Radnicki/Vasa Turanjanin

ТФТ ја оствари првата победа во АБА 2 лигата против Раднички Крагуевац

Во својот прв натпревар од новата сезона во АБА 2 лигата, македонскиот кошаркарски клуб ТФТ Скопје на гости со 84:78 славеше над Раднички Крагуевац од Србија.

После првото полувреме домаќините имаа водство од 44:37, иако во текот на првата четвртина нашиот претставник неколку пати доаѓаше до предност од 11 коша разлика.

Сепак, ТФТ успеа да направи пресврт во третата четвртина која ја доби со 31:16 и се покажа како клучна за крајниот исход (68:60).

Во последните 10 минути ТФТ дојде повторно до двоцифрена позитива (78:68), домашниот тим во финишот се доближи на само „минус три“, но кошаркарите на Боро Смилковски не дозволија неизвесност во мечот и на крајот се радуваа на првата победа во регионалното натпреварување.

Најефикасен во победничката екипа беше Дејвис ЏР со 24 поени, следен од Ентони Говенс со 20 поени кој воедно запиша и шест скока и седум асистенции.

На спротивната страна најрасположен беше Николиќ со 18 поени и осум скока, додека Лабовиќ реализираше 17 поени и имаше осум асистенции.

Во следното коло ТФТ на 28 октомври ќе ја пречека екипата на Војводина Нови Сад од Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот