ТФТ ги загуби шансите за „Фајнал-фор“ во Балканската лига

Викендов продолжува Првата кошаркарска лига со натпреварите од деветтото коло/Фото: kfsm.mk

На едно коло пред крајот од натпреварите во втората фаза, екипата на ТФТ се збогува со теоретските шанси за пласман на завршниот турнир од БИБЛ лигата.

По втор пат за кратко време во мечевите од групата „Ф“, тимот од скопската населба Тафталиџе загуби од бугарскиот преставник, Берое со резултат 90:91.

На македонскиот претставник му останува да одигра уште една средба, на 5 април кога во Скопје го пречекува Хапоел Гилбоа Галил од Израел кој заедно со Берое ќе бидат дел од Ф4 турнирот во Балканската лига.

За ТФТ најефикасен беше Бејли со 19 поени, а по 14 имаа Херис, Митревски и Смит, а на спротивната страна по 23 поени остварија Гевин и Рејнс.

Моментно на табелата води Берое со пет бодови, пред Гилбоа Галил (четири) и ТФТ Скопје (три).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот