Teжок удар за Реал Мадрид: Заврши годината за Карвахал
Само еден ден по големото „Ел Класико“, капитенот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, доби непријатни вести кои сериозно ќе влијаат и врз тимот на Чаби Алонсо.
Препорачано
По направените медицински прегледи, лекарскиот тим на „кралскиот клуб“ утврдил дека во зглобот на десното колено има парче коска, поради што искусниот дефанзивец ќе мора да биде подложен на операција.
Според шпанските медиуми, Карвахал ќе отсуствува од терените меѓу два и три месеци, што значи дека за него 2025 година е завршена на фудбалски план.
Неговото место ќе треба да го пополни Трент Александер Арнолд, кој неодамна се врати по повреда и сè уште не е во најдобра форма.
Карвахал само што се опорави од мускулна повреда која го држеше надвор од терените речиси еден месец, а настапот против Барселона беше негов прв по пауза од пет натпревари. Новата повреда е сериозен удар за Реал, особено во деликатен период од сезоната.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
32мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


