Тејлор Свифт / Фото: JULIEN DE ROSA / AFP / Profimedia

„Тежи“ 1,6 милијарди долари: Тејлор Свифт официјално е најбогатата музичарка во светот

Тејлор Свифт официјално стана најбогатата музичарка во светот со проценета нето вредност од 1,6 милијарди долари.

Оваа вест ја потврди и „Форбс“, нагласувајќи дека американската пејачка станала милијардерка по големиот успех на нејзината минатогодишна турнеја „Ерас“. Инаку, Тејлор ја престигна Ријана, чие богатство се проценува на 1,4 милијарди долари.

„Нејзиното богатство вклучува 600 милиони долари од турнеи и хонорари, 600 милиони долари од вредноста на нејзиниот музички каталог и 125 милиони долари од инвестиции во недвижнини“, според „Форбс“.

Заедно со титулата за најбогата музичарка, Тејлор сега е и на второто место на вкупната листа на најбогати музичари, веднаш зад Џеј Зи, чие богатство се проценува на 2,5 милијарди долари.

Според „Форбс“,  Тејлор се разликува од другите милијардери бидејќи не го акумулирала своето богатство преку профитабилни споредни бизниси, како што се козметичките брендови и модните линии. Свифт е првата музичарка која ја скрши магичната граница од 1 милијарда долари само преку пишување песни и изведба.

Во 2020 година, нејзиното нето богатство беше проценето на 365 милиони долари, што значи дека собрала повеќе од 1,2 милијарди долари во изминатите четири години.

Тејлор Свифт го изнервира Фарел Вилијамс: „Замолчете, никој не ве праша за да кажувате мислење за политика“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот