Teвез доби отказ во првиот клуб како тренер после четири месеци

Фото: Rosario Central/Тwitter

Поранешниот аргентински репрезентативец, Карлос Тевез повеќе не е тренер на Росарио Централ од аргентинската лига.

Тренерската кариера за Тевез не започна како што се надеваше, па го напушта клубот после само четири месеци. Росарио Тевез го водеше на 24 натпревари и во нив оствари шест победи, 11 натпревари одигра ренерешно и седум пати беше поразен.

„На никого не му оди од корист да продолжам да бидам тренер тука, не сакам да бидам гледан како товар или пречка клубот да напредува. Не се мешам во политиката на клубот“, изјави Тевез.

Во својата голема кариера како играч Тевез настапуваше за Бока Јуниорс, Коринтијас, Манчестер Јунајтед, Јувентус и Манчестер Сити. За него Росарио беше прв клуб во кој работеше како тренер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот