Теута Арифи ги посети пожарникарите со цел прибирање на информации за пожарот

Теута Арифи / Фото: МИА

Тетовската градоначалничка Теута Арифи беше во посета на пожарникарите со цел да се информира детално за пожарот и интервенцијата на единицата во модуларната ковид болница на 8 септември.

-Во диспечерката служба ТППЕ Тетово во 21 часот и 02 минути е примен повикот за пожар од инфективното одделение. На местото на настанот веќе во 21 часот и 07 минути биле со три камиони и 16 пожарникари. Две возила беа поставени пред модуларната зграда и едно зад неа за да спречи пламенот да се прошири на објектот од инфективниот оддел, кој е многу блиску до модуларниот монтажен објект. Пожарот е локализиран во 21:30 часот, а целосно е изгаснат во 21:45 часот, рече Теута Арифи.

Таа истакна дека истрагата на местото на настанот е завршена, а сега се анализираат сите материјални докази и факти,.

-Завршени се истрагите на место на настанот и во моментот истрагата ги собира податоците, телефонски снимања, снимања од граѓаните, луѓе кои биле на местото, сите тие податоци за да го заокружи процес на истрагата. Вклучувањето на истражители од Германија е додатна помош овој процес да биде завршен, рече Арифи.

На новинарско прашање дали како прв човек на градот ќе бара морална одговорност од раководството на болницата, Теута Арифи рече дека прво сака да добие одговори на неколку прашања.

-Треба да се има предвид фактот дека ова беше голема несреќа и во голема несреќа не сите работи можете одма на почетокот да ги канализирате. Знаете и вие какво беше известувањето вечерта. Тоа што е важно-нека заврши процесот на истрагата и да имаме тука неколку одговори кои сите го очекуваме. Да ги добиеме сите тие одговори, одговорноста не е само морална и како таква треба да се понесе, истакна градоначалничката.

Општина Тетово нема да издадено дозвола за градба на модуларната болница рече Арифи со одговор дека тие објекти се градени со специјален закон и за тоа немало таква потреба.

-Побарано е од нас достава на документи, сета документација е приложена, ковид модуларните болници се изградени врз основа на специјален закон по кој не било потребно ниту побарано општините која и да е, да издадат градежна дозвола за истите. Ни беше официјално побарано да имаме доток на вода и канализација само тоа беше наша обврска, без технички прием, рече Арифи.

Со одлука на Советот, Општина Тетово ќе ги покрие трошоците за посмртните услуги за жртвите и одобри финансиска помош во износ од 1000 евра во денарска противвредност за сите семејства на жртвите, како и за преживеаните во оваа трагедија.

На социјалната мрежа Тик-ток се појави снимка од видеонадзорот во тетовската болница и првите моменти при појава на пожарот.

 

 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот