Тетовските пожарникари реагирале исклучително брзо, екипи биле пратени и од Скопје

Пожар во ковид модуларната болница во Тетово / Фото: EPA-EFE/STRINGER

Повеќе од 30 пожарникари од единицата од Тетово интервенираа синоќа со пет возила и за 15 минути го локализираа, а за четириесет минути го изгаснаа пожарот што избувна во модуларната болница во Тетово.

На тетовските пожарникари од Скопје веднаш на помош им биле испратени три екипи од Противпожарната единица, но како што не информираа оттаму утрово, кога пристигнале пожарот бил веќе згаснат.

Во моментов е поставена дежурна противпожарна екипа со едно возило на местото на опожарената модуларна болница, информираат од ППЕ Тетово.
Модуларната болница во Тетово е целосно изгорена. Имаше капацитет од 35 кревети.

Заменик-командирот на тетовската противпожарна единица, Сашо Трајчевски, ноќеска изјави дека пламените јазици биле огромни, а од болницата се ваделе и жртви. Утрово ова не ни беше потврдено од тетовската ППЕ туку нѐ упатија да ги сочекаме официјалните податоци.

Официјални податоци треба да дадат двајца скопски и тројца тетовски обвинители вршат увид на лице место, а Владата итно ќе заседава во 10 часот.

ВИДЕО | Детали за пожарот во Тетово: Над 30 пожарникари со 7 возила интервенираат, извадени се починатите пациенти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот