Тетовските пензионери: Со пензии од 6.000 денари не можеш една недела да преживееш, бадијала е и сите цени да бидат замрзнати

Фото: Слободен печат

Во Здружението на пензионери Тетово секојдневно пристигнуваат нивни членови, барајќи помош поради тешката економска криза која највеќе ги погоди пензионерите, со оглед на ниските примања.

Цените секојдневно растат, а пензиите речиси стојат во место. Едвај врзуваме крај со крај, се жалат пензионерите.

Има пензионери кои земаат пензија од 6.000 денари.

Голем дел од нив се со ниски примања, земајќи предвид дека живееле во град, која некогаш важел за текстилен центар, каде платите биле едни од најниските.

Здружението помага во рамки на можностите, но, тоа не е доволно. Годинава одредиле поголема сума, за 500 вредносни ваучери за поголемите празници, за пензионери со потешки операциони зафати.

„Во маалото имам пензионери и со 6 илјади пензија, 7 илјади денари и тие ми доаѓаат секој ден. Грото на населението на пензионери е во тешка состојба“, вели Бајрам Мурсели, претседател на тетовски огранок на Здружението на пензионери Тетово.

Најголем проблем е што подолг период надлежните не обрнуваат внимание на усогласување на пензиите со растот на трошоците.

„Значи долги години имаше усогласување на пензиите по два параметри, 50 % од животните трошоци и 50% од порастот на платите. Од периодот 2017 до 2020 беше изоставен едниот параметар. И од прилика по наши пресметки 20% сме во згауба. Сега се вратија на истиот модел, меѓутоа чекорот е изгубен, во однос на порастот на животните трошоци“ вели изјава Светозар Димоски, секретар на Здружението на пензионери Тетово

Дополнителен проблем е што Тетово нема Дом за стари лица. Во Здружението на пензионери Тетово има соби за сместување на пензионери, но, се во лоша состојба. Побарале помош од локалните и централните власти собите да се реновираат и во нив да бидат сместени пензионери од полошкиот регион, но интерес никој не покажал.

„Имаме овде уште 11 соби во спратот горе, може да ни помогнат да ги реновираме и да примиме пензионери кои имаат потреба за сместување во вакви наши капацитети. Во однос на опремување на клубот кој го користиме за пензионерите може да продонесат да се создадат подобри услови“, изјава Селвер Мемети, претседател на ИО на Здружение на пензионери Тетово.

Здружението на пензионери Тетово е едно од поголемите во државата, со над 13.000 членови претежно со ниски примања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот