Фото: илустрација / Tinnakorn Jorruang / Alamy / Profimedia

Тетовец силувал девојче во комбе – мајката била во врска со силувачот и не пријавила во полиција

Тетовец силувал петнаесетгодишно девојче во комбе, кое на мајката ѝ кажала што се случило , но таа била во врска со силувачот и не пријавила во полиција. Случајот го пријавила вчера бабата на девојчето, а се случил уште пред две години во 2024.

– На 28.05.2026 година, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода две лица на возраст од 58 и 37 години, двете од села на подрачје на Тетово. Претходно, истиот ден во 16:45 часот, во СВР Тетово, 62 годишно лице исто така од тетовско село пријавила кривично дело „полово вознемирување“ со елементи на обљуба извршено врз нејзината малолетна внука од страна на 58 годишното лице. Според пријавеното настанот се случил во декември 2024 година, кога тогаш 15-годишната малолетничка се враќала од Тетово со комбе кое го управувал пријавениот, при што истиот со употреба на физичка сила извршил обљуба врз неа. По извесен период малолетничката го раскажала настанот на нејзината 37 годишна мајка која била во врска со 58 годишното лице но истата не го пријавила настанот – соопшти МВР.

Осомничените се задржани во полиција и против нив ќе има пријава.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот