Тестенини со топчиња од туна

Фото: Ed Rooney / Alamy / Alamy / Profimedia

Доколку немате многу време да подготвите вкусен и лесен ручек, тестенините со туна се прав избор. За да му направите услуга на вашето здравје, заменете ги белите тестенини со интегрални, кои содржат значително повеќе влакна и ќе ве одржуваат сити подолго време.

Состојки
200-250 гр тестенини,
3 дл сос од домати
1 главица црвен кромид
3 чешниња лук
сол, бибер, лист од магдонос
2 лажици маслиново масло
1 конзерва туна на парчиња
50 гр трошки од леб
1 јајце
Време на подготовка 20 мин

Подготовка
1. Сварете ги тестенините во зовриена вода, каде ќе додадете сол и неколку капки маслиново масло.
2. Исцедете ја туната, додадете јајце, сол, бибер и презла. Мешајте додека не се добие компактна смеса од која може да се формираат топчиња.
3. На малку маслиново масло пропржете ги топчињата од сите страни. Кога ќе бидат готови, извадете ги од тавата и врз преостанатото масло ставете го сечканиот кромид да се динста. Кога ќе омекне, додадете го лукот само додека не го ослободи мирисот. На крај се додава доматниот сос и се вари, се додаваат зачините по желба.
4. Смесата динстајте ја неколку минути, тргнете ја од оган и послужете ја топла со сварени тестенини и пржени топчиња туна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот