Фото: Икс / скриншот

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Српски тинејџерки снимаа тикток-видео на санка, другар ги прегази со автомобил

Две тинејџерки на возраст од 16 и 17 години се тешко повредени откако паднале од санка на која со автомобил по снежна улица ги влечел пријател во село кај Краљево, Србија, а потоа ги прегазил автомобил кој го возел нивен другар, објави „Телеграф“.

Страшната сцена се случила во четврток околу 22 часот, кога 19-годишно момче, возејќи автомобил „фолксваген“ со условна возачка дозвола, влечел санка на кои биле девојките. Во еден момент тинејџерките паднале од санката, по што на нив налетал 35-годишен возач, нивен другар кој возел зад нив со „фиат“ за да спречи да налета друго возило, но и самиот не успеал да запре навреме.

Двете девојки веднаш биле пренесени во болницата во Краљево. Едната имала тешки повреди на нозете, а другата повреда на главата. Полицијата веднаш ги уапсила возачите, кои се товарат за тешки кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај.

На социјалните мрежи се појави вознемирувачка снимка од несреќата, објавена од новинарот Младен Мијатовиќ. Непосредно пред моментот на несреќата се слуша како една од тинејџерките вреска и извикува до момчето кое ја снима од багажникот: „Кажи му да забави!“.

„Кажи му да забави. Никогаш не правете нешто слично. По снегот е тешко да се запре возилото, а несреќа може да се случи за една секунда. Малолетните девојки се тешко повредени, а двајцаата возачи се уапсени“, напиша новинарот Мијатовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот