Тешко повреден малолетник во несреќа во Гостивар

Полиција сообраќај
Сообраќајна полиција /Фото: МИА

Вчера (1 септември) во 15.20 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„101“ во Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген т-рок“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(68) од Гостивар и мопед „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(24) од Гостивар.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник на мопедот, а со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Ургентниот центар во Гостивар, соопшти полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот