Тешко е повреден млад возач од струмичко – излетал од патот Штип-Радовиш

28-годишен жител на струмичкото село Владевци вчераутро излетал од патот Штип-Радовиш, при што е тешко повреден, соопшти полицијата.

„На 17.03.2025 околу 07:30 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип-Радовиш, патничко возило „алфа ромео“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од П.В.(28) од с.Владевци, струмичко, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од екипа од СВР Штип“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот