• штип-радовиш

ВИДЕО | Струмичанец излетал со кола од патот Штип – Радовиш, пожарникари го ваделе од возилото

На експресниот пат Штип – Радовиш утрово се случила сообраќајна несреќа. Според информациите од терен, како што објави Скопје инфо, неофицијално 40-годишен возач од Струмица со „мицубиши“ излетал од пат и останал заглавен во возилото. Интервенирала Противпожарната служба за да го извадат од возилото. Се очекуваат повеќе детали од полицијата во текот на денот.