Тешката судбина на холивудската актерка: Мајка и го убила татко и, до 11 години немала заби, а сега синот го одгледува како ќерка

Холивудската актерка Шарлиз Терон денес го слави 44 роденден, а нејзиниот живот можеме да кажеме дека не ја мазел воопшто. Шарлиз израснала покрај насилен татко, кој имал проблеми со алкохолот. Нејзината мајка Герда го убила во самоодбрана.

– Тогаш се преправав дека тоа не се случило, бидејќи не сакав да зборувам за тоа. На луѓето им кажував дека татко ми починал во сообраќајна несреќа. Кој би сакал да раскажува таква приказна? Никој не знае како да реагира кога ќе ми кажеш дека твојот татко бил алкохоличар кој го убила твојата мајка. Не сакав да ме гледаат како жртва, изјавила Терон.

Нејзиниот татко еден ден се вратил во домот пијан и започнал да пука во собата на Шарлиз. Нејзината мајка Герда, во страв за својот и животот на ќерката, му ја одземала пушката и го убила. Била ослободена од обвинението бидејќи било утврдено дека станувало збор за самоодбрана.

Шарлиз исто така како мала боледувала од жолтица, а до 11 години немала ниту еден заб.

Таа за улогата на серискиот убиец Ејлин Вурнос во филмот „Чудовиште“ се здебели 13 килограми, носеше протеза, косата и беше изретчена, а кожата истетовирана со проѕирно масло за да изгледа „оштетено“ од времето.

Таа неодамна откри дека својот седумгодишен посвоен син Џексон го одгледува како девојче.

– Ете, и јас мислев дека е момче. Додека таа не ме погледна на три години и ми кажа: Не сум момче!, раскажува актерката која додаде дека тоа го почитува и никогаш нема да се меша во животот на ќерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот