Бугарија полиција/ Фото allOver images / Alamy / Alamy / Profimedia

Тешка сообраќајна несреќа во Варна: Возило усмрти две жени на пешачки, па се заби во излог

Страшна сообраќајна трагедија со жртви се случи денеска во Варна. Две жени загинаа во тешка сообраќајна несреќа, објави градоначалникот на градот Благомир Коцев во објава на социјалните мрежи, објавија бугарските медиуми.

Очевидец на тешката несреќа во Варна, во која две жени загинаа откако беа удрени од автомобил на тротоарот по улицата Дрим, тврди дека возачот возел со многу голема брзина, јавува Радио Варна.

Возачот сакал да го избегне црвениот сигнал на семафорот на раскрсница и откако поминал покрај семафорот, ја изгубил контролата врз автомобилот.

Автомобилот излетал од коловозот, се забил на тротоарот и ги однел пешаците што се движеле таму. Возилото застанало откако се забил во излог.

Во тешката несреќа загинаа двае жени – пешаци на возраст од 52 и 79 години. Возачот кој ја предизвикал несреќата е 54-годишен жител на Варна. Неговиот тест за алкохол бил негативен, додека тестот за дрога бил направен во болница.

„Страшна сообраќајна трагедија со жртви денес во Варна! Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на двете жени кои загинаа“, напиша градоначалникот на приморската престолнина, Благомир Коцев, на својата Фејсбук страница.

„Ги молам жителите на Варна да бидат внимателни околу празниците и да мислат не само на себе, туку и на нашите сограѓани!“, апелираше градоначалникот изрази најдлабоко сочувство до семејствата и најблиските на починатите.

„Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на двете починати жени“, напиша Коцев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот